Има денови во животот кој остваат вечен траг, не се забораваат никогаш, се паметат вечно . Има денови кои Ви го менуваат целиот живот и смислата на животот. Еден таков ден поминаа 32 прекрасни дечиња и нивните одделенски наставници од ООУ „ Мирче Ацев„.
20.03.2017 - Ден исполнет со многу емоции, радост во срцата и топлина во душата.  Ученици од второ б одделение и 2 ученички од четврто в заминаа за Крива Паланка за  да го прегрнат нивниот другар Ведран , да го изненадат со најубави подароци но ниту еден повреден од нивната силна искрена детска прегратка. Прва дестинација и договорена „случајна„ средба со нашиот јунак беше прекрасното свето место – манастирот Св „Јоаким Осоговски„.

Денес во основните училишта во општината Ѓорче Петров се одржа еколошка акција која започна со едукативен час за значењето на екологијата и продолжи во училишниот двор каде децата собираа отпад, садеа цвеќиња, наѓубруваа и полеваа дрвца. Добредојде на пролетта најмладите и посакаа со безбројни еко пораки до возрасните за зачувување на природата што се буди, за животна средина со чист воздух, вода и почва, за цветно опкружување и здрав живот.

ОУ „Димитар Беровски“  со низа активности  го одбележаа светскиот ден на оралното здравје како дел од кампањата за подигнување на свеста за оралната хигиена.  Во градскиот парк учениците заедно со своите наставници, директорката и одговорниот диспанзер за стоматолошко здравје при поликлиника Ѓорче Петров, др. Катерина Стаменковска ја реализираа претставата Сонот за блескава насмевка.

Во ОУ „Јоаким Крчоски“ Волково се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“ 2017. На натпреварот учествуваа вкупно 100 ученика од I до IX одделение. Натпреварот е во организација на Сојузот на математичари на Македонија, од каде беа испратени тестовите. За организацијата и регуларноста на натпреварот во училиштето беа одговорни директорката и наставничката по математика, а тестатори беа педагогот и психологот.

Општина Ѓорче Петров и оваа година ја спроведе традиционалната сезонска акција за масовно чистење на сметот во пресрет на доаѓањето на пролетта. Акцијата ја спроведоа Јавните претпријатија на градот Скопје и вработените во општина Ѓорче Петров. Големата пролетна акција што се реализираше од 13 до 17 март на целата територија на општината беше поделена на три реони: реон 1 (кој ги опфати урбаните заедници Хром, Ѓорче Петров, дел од Мирче Ацев и Дексион), реон 2 (УЗ Мирче Ацев, Даме Груев и индустриската зона кај фабриките Адинг, Лафома и Карпош) и реон 3( руралниот дел на општината во рамките на кој се чистеше и патот кон селата Кучково и Орман ).