Еднократна парична помош за новороденче се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејството, до  Општина Ѓорче Петров, со уредно приложена документација на увид.
Во прилог на Барањето потребно е да ја доставите следната документација :
1.    Фотокопија од Извод од матична книга на родените (за новороденчето)
2.    Фотокопија од Извод од матична книга на венчани ( за родителите на новороденчето)
3.    Фотокопија од важечки лични карти или патни исправи од двајцата родители ,со исклучок на новороденче на самохран родител , со кои се потврдува живеалиштето во Општина Ѓорче Петров
4.    Фотокопија од трансакциона сметка
5.    Доказ за платена адиминстративна такса од 300 денари. (истата може да ја платите во Архивата при поднесување на документацијата)
Дополнителни документи за самохран родител:
(во зависност од основот за стекнување на статус-самохран родител, потребно е еден од доле наведените документи):
6.    Фотокопија од матична книга на умрени
7.    Фотокопија од Правосилна судска пресуда за разведен брак
8.    Доказ дека родителот не е во брачна заедница со фотокопија од Извод од матична книга на родени не постар од шест месеци  и Изјава дека не е во брачна заедница заверена на Нотар.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

ОУ „Мирче Ацев “ од општината Ѓорче Петров неодамна го издаде 55-от број на училишниот весник „Бумеранг“ . Весникот кој ги опфаќа најзначајните моменти од повеќегодишното постоење на училиштето бележи 10 години успешна континуирана работа и излегува 4 пати годишно. Дел од страниците се резервирани за многубројните достигнувања и позитивни резултати што учениците ги освојуваат на локалните, регионалните и државни натпревари. Училиштето има за цел преку овој весник да ја промовира својата работа о што подобро да го приближи секојдневието на учениците до своите родители и верни читатели. Во креирањето на весникот учествуваат учениците со помош на наставниците , и главниот уредник на весникот наставничката Маја В.Ставров. 

 

Како е можно секој ден да има купишта смет, посебно околу контејнерите наспроти општината Ѓорче Петров? Дали граѓаните едвај чекаат да се испразнат и како под команда веднаш го „ надохнадуваат“ она што општинската комунална служба и ЈП „ Комунална хигиена “ предходно го подигнала. Навиките изгледа тешко се откоренуваат. Се организираат акции за подигање на кабаст отпад, а општинските комуналци секојдневно имаат полни раце работа. Подигаат се и сешто . Од стар мебел, пластични кутии преполни со градежен шут оставени покрај контејнерите, расфрлано ѓубре, стара облека, електрични апарати, стари вц школки, верувале или не дури и кади, искршени лавабоа и да не набројуваме затоа што списокот би бил поприлично долг.

Денес , на 68-та Седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена предлог- одлуката за меѓуопштинска соработка со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје , за поставување подземни контејнери. Подземните контејнери општината Ѓорче Петров  ги прави заедно со градот Скопје и со ЈП „Комунална хигиена“ при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери, рече градоначалникот Сокол Митровски на денешната седница на советот. Со поставување на овие подземни контејнери се нуди подобро решение за одложување на комуналниот отпад , имаат подобар изглед , отпадот се одложува под земја при што исклучена е можноста да се расфрла од кучиња или мачки скитници и нема ширење миризба.

Заврши летниот камп по англиски јазик кој се одржа во ООУ„Тихомир Милошевски“ , а на кој учествуваа повеќе од 60 ученици од сите основни училишта во Општината Ѓорче Петров. Како и во изминативе четири години така и овој пат овој проект ја имаше целосната поддршка од општината, а го реализираше невладината организација „ Корени“. Предавачи  беа наставници по англиски јазик од локалните училишта и студенти по англиски јазик од американски универзитети кои престојуваат во Македонија и се членови на невладината „ Корени“.