Во  ООУ „Тихомир Милошевски“се одржа регионален натпревар по Биологија и Природни науки во кој учествуваа вкупно 116 ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општината. Натпреварот  беше организиран од надгледуван од преставници „Друштвото на биолози на Р.Македонија“ и „Друштвото на природници“ кои во целост беа задоволни од текот на натпреварот, знаењето на учениците и постигнатите резултати. Победниците од овој натпревар ќе земат учество во регионалните и републичките натпревари со целосна поддршка од општината Ѓорче Петров.

Една од најуспешните „креаторки“ на локалната тортијада „Слатка мистерија“ што секоја година се одржува во Скопје, Катерина Блажевиќ учествуваше на интернационалната тортијада во Јагодина, Р. Србија како преставник од општината Ѓорче Петров. Во организација на здружението „Слатки осмех “чиј претседател е Драгана Симиќ од Јагодина манифестацијата се одржа во спортската сала Јеса –Јагодина, а изложени беа преку 200 торти изработени со многу љубов, креативност и  уметност од вештите раце на жената. Тортите биле рангирани во три дела свечени, детски и торти со чоколадна декорација.

Во ООУ Тихомир Милошевски од општината Ѓорче Петров се одржа 58-от по ред натпревар на млади техничари и природници во организација на Народната техника на Р Македонија. На отворањето присуствуваше претседателот на Сојузот на Здруженија на техничка култура на РМ , Зоран Тодоров, кој го искажа своето задоволството што се домаќини на натпреварот, а на учениците им посака успешно претставување на своите изработки ,проектни задачи и освојување на многу награди.

Денес, 6 април 2017 година во просториите на Центарот за култура во Општината Ѓорче Петров се одржа тркалезна маса во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образованието. Се разговараше за начините на инклузија на младата популација на Роми, посебно децата, во образовниот систем, продолжување на образованието во средно и повисоки инстанци на образование со што би се отвориле пошироки перспективи за непречено вклучување на оваа популација во општествените текови. Исто така се дебатираше и за предизвиците жените Ромки ги имаат во процесот на образование.

На 03.04.2017 година во Центарот за култура Ѓорче Петров се одржа состанок со директорите на основните училишта, градинката, управителот   на   Агенцијата   за   обезбедување  AС   „Водно”  и ангажираните   работници   за   обезбедување   на   општинските   објекти како и командирот од ПС „ Ѓорче Петров” на тема „Безбедноста на општинските објекти“. Градоначалникот   Сокол   Митровски   ја   нагласи   потребата  за подигање на квалитетот на обезбедување на објектите кои се во сопственост на општината. „ Со воведување на физичко обезбедување на нашите објекти ситуацијата која ја имавме пред тоа очигледно дека се смени во корен. Имотот на општината сега е посигурен и вандализмот кој во минатото беше секојдневие сега е минато. Сепак, секогаш може и подобро и поквалитетно.