Општината Ѓорче Петров традиционално учествуваше на 11 хуманитарната манифестација „Слатка мистерија “што се одржа во хотел „Континентал“ чијшто домаќин годинава беше општината Гази Баба. Во категорија на аматерки нашата преставничка Катерина Блажевиќ, ја освои втората награда со својата креација „Ајфелова кула“, а пак пекарско-слаткарската фирма со долгогодишна традиција „Специјал“ од Ѓорче Петров се претстави со „Грбот на општината Ѓорче Петров“.

Министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општината Ѓорче Петров ги посетија новите простории на објектот „Детелинка“ кој е дел од ЈОУДГ „Росица“  на Општина Ѓорче Петров.  Изградениот дел на објектот „Детелинка“  располага со една занимална , ходник опремен со гардеробери за деца, санитарна просторија за деца опремена со четири мијалници и две тоалетни шолји.

Деновиве отпочна акција за интензивно отстранување на ѓубре на поголемите депонии на територијата на општината Ѓорче Петров што со години го одлагаат несовесните жители од околината. Екипите и механизацијата на претпријатијата избрани за оваа намена започнаа со расчистување на депонијата во с. Ново село која се протега на површина од 20.000 м2. Во акцијата беа исчистени околу 40.000 кубни метри отпад , односно отстранети се градежен шут, кабаст отпад, стари електрични апарати и друго. Истата површина ќе се засади со садници и ќе се уреди со зелена површина. Екипите ќе продолжат и со чистење на коритото на реката Лепенец сè додека не се добие една уредна и чиста слика што ќе го разубави просторот- истакна градоначалникот Митровски.

Претставници од Рико -Словенија, Министерството за животна средина,изведувачот Жикол и градоначалникот Сокол Митровски со своите соработници беа во посета на Пречистителната станица за отпадни води во Ново Село која беше пуштена во пробна работа. Седумдесет и осум километарската мрежа реализирана во Волково, Волково - Пржина, Кисела Јабука, Ново село и Стопански двор е исклучително важен проект кој значи комплетно собирање и пречистување на фекалиите.

Денес во ООУ “Мирче Ацев” се одржа првиот работен состанок од проектот “Идни млади лидери на заедниците” кој ќе се реализира на ниво на општина Ѓорче Петров а во кој се вклучени сите основни училишта и средното училиште Кочо Рацин. На состанокот беше утврдена агендата на активности што следат од страна на преставникот од организацијта ЦЕПАК, која ќе го спроведе целиот проект  во текот на второто полугодие од учебната 2016/17 година. На состанокот беа присутни и преставници од општината, менторите и учениците кои ќе бидат вклучени во целиот проект.