Ученици од ООУ „Тихомир Милошевски“ ја посетија противпожарната единица во општината Ѓорче Петров и на лице место имаа можност да се запознаат со работата на пожарникарите, го разгледуваа возниот парк со кој располага единицата и им беа објаснети постапките во случај на пожар и други елементарни непогоди.

Ученици од различни етнички заедници учествуваа на Форумот на млади лидери во училиштето Ѓорче Петров на кој имаа за цел да ја разгледаат состојбата на младите на локално ниво , нивните потреби и учеството во креирање на политиките за млади и можноста за нивно вклучување во јавниот живот на локално ниво. На презентацијата на која учествуваа сите шест основни училишта во општината Ѓорче Петров и ДСУ Кочо Рацин учесниците дискутираа за мултикултуризмот кај младите , стратегијата за организација на млади и запознавање со личноста или организацијата.

 

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски и директорката на градинката „Росица“, Ана Серафимовска доделија 200 пакети со основни прехранбени продукти и облека на социјално загрозени семејства и самохрани родители во општината. Градоначалникот Митровски истакна дека децата уште од најрана возраст преку овие активности учат за солидарноста и хуманоста, за значењето на пријателството, за помагањето и почитувањето на другите.

Со голем продажен еко хепенинг во дворот на ООУ „Мирче Ацев “ децата го одбележаа денот на екологијата и на тој начин испратија порака за подигање на свеста за поздрава животна средина. Учениците рачно изработија креативни предмети од рециклиран материјал  кои беа изложени на импровизирани штандови во училишниот двор  а средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за хортикултурно уредување на дворот на училиштето.

Има денови во животот кој остваат вечен траг, не се забораваат никогаш, се паметат вечно . Има денови кои Ви го менуваат целиот живот и смислата на животот. Еден таков ден поминаа 32 прекрасни дечиња и нивните одделенски наставници од ООУ „ Мирче Ацев„.
20.03.2017 - Ден исполнет со многу емоции, радост во срцата и топлина во душата.  Ученици од второ б одделение и 2 ученички од четврто в заминаа за Крива Паланка за  да го прегрнат нивниот другар Ведран , да го изненадат со најубави подароци но ниту еден повреден од нивната силна искрена детска прегратка. Прва дестинација и договорена „случајна„ средба со нашиот јунак беше прекрасното свето место – манастирот Св „Јоаким Осоговски„.