Во рамки на проектот „Учење преку работа“  (Learning by doing)  преку програмата на Европската унија  „Еразмус“  во општината Разлог- Бугарија се одржа втората работна средба меѓу преставници на двата проектни партнери општината Ѓорче Петров и општината Разлог.  Според агендата на втората работна средба се разговараше за напредокот на проектот , усвојување на техничката документација за опремата за соларен модул, одредување на дизајн на веб страната, лого на проектот , постери, одредување на прирачниците како и содржина на документот за стратешко партнерство.

Денес (22.12.2016), се одржа педесет и осмата седница на Советот на општина Ѓорче Петров. Советот на седницата дискутираше по  неколку точки на дневниот ред. Беше усвоен буџетот на општина Ѓорче Петров за 2017 година и донесена е Одлука за извршување на буџетот. Исто така советниците одлучуваа за вредноста за бодот на административните службеници и Одлуката за методологија за утврдување критериуми за распределба на блок дотација на основните училишта на општина Ѓорче Петров.

 

Вчера (понеделник) во просториите на општина Ѓорче Петров, градоначалникот на Општината, Сокол Митровски и градоначалникот на градот Поважска Бистрица од Република Словачка, Карол Јанас потпишаа меморандум за соработка.

Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „ Елколект“ ја спроведува акцијата  „Рециклираме и се наградуваме“  за подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад. Граѓаните кои имаат дотрајани , неупотребливи електрични апарати , компјутери, монитори, телевизори, правосмукалки својот опасен отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра. Во општината Ѓорче Петров,екомагацините на Елколект  се поставени во дворот на општината Ѓорче Петров и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково ,а истиот може да биде оставен секоја сабота во неделата. Поради голема заинтересираност наградната игра ќе продолжи да трае до 25 декември, а извлекувањето на наградите ќе биде на 26 декември во 10 часаот.