На ова предавање учениците од клубот за превенција беа запознаени со видовите зависности (дрога, алкохол, интернет, коцкање/ обложување). Покрај манифестациите на лицата кои се зависници, учениците ги  открија и последиците од истото. Последниците од користењето на дрогата можат да бидат како здравствени, така и психолошки, проблеми во семејството, социјани, проблеми во училиште (бегање од часови, слаб успех) проблеми со законот, финансиски проблеми и сл. Без разлика кој вид дрога се конзумира сите тие предизвикуваат исти штетни последици.

 

Зимата не беше пречка градежниците од АД„ Енергомонт “ од Скопје да работат на  поставување на  канализациска мрежа на крак 119 , долг 1500 метри. Кон овој крак гравитираат улиците „40“, „20“ и „22“ кои се наоѓаат во Волково и дел во Кисела јабука, општина Ѓорче Петров. Пред неколку дена во целост беа завршени работите на улицата „40“ долга 380 метри во Волково на која беа поставени цевки со широчина од Ф 400 cm, а деновиве се работи на улицата „20“ која е долга 800 метри на која се поставуваат цевки со широчина од Ф250 cm.

 

Недоволниот број училници  во ООУ „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров , претставува голем проблем за нормално одвивање на наставата. која до неодамна се одвиваше и во три смени. Со изработка на новиот план за доградба и надградба на училиштето кој деновиве Министерството за образование и наука го достави до општинскиот сектор за урбанизам на разгледување, се предвидени да се изградат уште шест училиници, училишна трпезарија и други помошни простории.

Повеќето сопствениците на неколкуте трафики кои се наоѓаа на трасата, предвидена за изградба на  велосипедска патека на главната сообраќајница „ Ѓорче Петров“ во истоимената општина, а кои попречуваа во финиширање на изградбата на патеката, пред повеќе од триесеттина дена ги тргнаа старите објекти, согласно договорот со општината Ѓорче Петров, градоначалникот Митровски и Советот на Општината. Општинарите им овозможија на сопствениците своите објекти да ги дислоцираат така што објектите само ги повлекоа неколку метри но не ја сменија локацијата што претставува најголема придобивка за дуќанџиите.

Во ОOУ „Димитар Беровски“ во општината Ѓорче Петров се изврши пробната евакуација при елементарна непогода - пожар. Наставниците и учениците беа запознаени со процедурата за евакуација и насоките за излез од училишната зграда. Евакуацијата започна со три последователни ѕвонења на училишното ѕвоно.