Младиот и талентиран математичар-генијалец Блаже Суклевски од 8 одделение од ОУ „Тихомир Милошевски“ е првопласиран од Р.Македонија кој земе учество на најпрестижниот интернационален натпревар од областа на геометријата Иранска геометриска олимпијада - ИГО. За Р. Македонија натпреварот се одржа на Машински факултет во Скопје каде беше придружуван од неговиот ментор професорката Анкица Спасова. „Нашиот математичар Блаже Суклевски влезе во најтесниот избор на Светско ниво за златен, сребрен или бронзен медал.

 

Отчет 2013-2017

Во 6-те основни и 2-те  подрачни училишта во  општината Ѓорче Петров, 410 првачиња за прв пат седнаа во школските клупи. Нивните постари другарчиња подготвија пригодни програми со кои им посакаа добредојде на првачињата. Градоначалникот на општината Сокол Митровски присуствуваше на една таква свеченост во О.У “Јоаким Крчовски” во Волково, а успешно започнување на учебната година им посака и на првачињата во истоименото подрачното училиште во с. Никиштани. Воедно им посака успешна работа на наставниците и на сите ученици.

Голем спортски дух на турнирот во мал фудбал „Ѓорче Петров куп 2017“
Љубителите на фудбалот во спортско Ѓорче Петров покажаа голем спортски дух во одиграните натпревари синоќа на повеќенаменското игралиште . На првите натпревари од групната фаза гледачите имаа можност да видат атрактивни голови постигнати од екипите што е одлична најава за почеток на овој традиционален настан.