• Податоци кои се однесуваат на рударството во Општината не постојат, бидејќе таа не располага со рудници. Единствено во реонот на с. Кучково постои каменолом за вадење травертин кој е земен под концесија од фирмата "Неметали" од Тетово, но во последните години овој каменолом не е во функција.
Од минералните суровини, значајно за општината е вадењето на песок од крајбрежјето на Лепенец но податоци за количината не постојат затоа што оваа активност е бесправна.

• Вкупната земјоделска површина  во Општината изнесува 4587 ха, дел во приватен,а дел во општествен сектор. Во структурата на оваа површина најголем  процент од обработливото земјиште се ниви (45,36%) и пасишта (48,48%).

• Општината не располага со големи површини на шуми. Вкупна површина покриена со шуми е 1010 ха, главно од даб и габер. Со континуираното намалување на економската моќ на населението испитувањата покажаа зголемен тренд на сеча на овие видови дрвја.

• На територијата на Општината, како главно урбанизирана  не постои  собирање на лековити  и друг вид билки. Исклучок е околината на с. Кучково, каде постои можност за собирање, но тоа е инцидентно  за индивидуална потреба на месното население и некои излетници.

• Ловот во Општината е организиран преку ловечкото друштво ” Жеден”, кое брои околу 600 членови. Од дивеч највеќе се лови див зајак, еребици(полски и камењарки), додека инцидентно се ловат и волк и лисица.Ловот на лисицата е значително опадната поради појава на болеста шуга. Риболовот се одвива на реките Вардар и Лепенец,каде што најмногу се ловат рибите: скобуст,мрена,клен и кркушка.