Сокол Митровски

Роден на 16 март 1948 година во селото Кучково, оженет татко на две полнолетни деца и дедо на четири внуци и градоначалник на сите жители на Општината Ѓорче Петров. Основното и средното образовани го завршил во Ѓорче Петров, во првата  генерација на државното средно училиште - гимназијата „Кочо Рацин“. Натаму образованието го продолжува на Воената академија во Белград, каде што заврши највисоки воени школи, а школувањето го заокружил со завршување на воен колеџ во Париз. Во долгогодишната работна пракса има изградена многу успешна воена, професорска, дипломатска и политичка кариера. Денес тој е генерал во пензија. Генерал Сокол Митровски во армијата вршел повеќе одговорни должности, меѓу кои најзначајни се: командант на Скопскиот корпус, комадант на Командата за обука на АРМ, заменик началник на Генералштабот на АРМ. Тој е еден од втемелувачите-оснивачи  и меѓу првите професори на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија во Скопје. По самоостојувањето на Република Македонија стана член на кабинетот и Аџутант на првиот председател на Република Македонија г-динот Киро Глигоров и г-динот Борис Трајковски со кои учествувал во безброј дипломатски посети ширум светот. Својата богата биографија ја надополни со тоа што стана воен Атеше во Париз , Р. Франција и Софија, Р. Бугарија. За својата работа и општествено-политичката активност има добиено бројни признанија и воени одликувања. Во  периодот од 2005  успешно ја обавува функцијата градоначалник на  Општината Ѓорче Петров, за кое нешто зборуваат бројните успешно реализирани проекти од суштествено значење на граѓаните од Ѓорче Петров