Во поглед на локалниот економски потенцијал и расположивите стопански капациатети, Општина Ѓорче Петров се вбројува во категоријата општини во развој. Имено, поволната сообраќајна местоположба, квалитетот и структурата на економските капацитети, реалниот потенцијал за индустриски прогресс, високостручната и квалификувана работна сила се објективни индикатори и компоненти кои упатуваат на развојните стратегии на Општината. Во овој момент, најразвиени  значајни стопански гранки кои, меѓу останатите, придонесуваат за пораст на БДП на локално ниво се:
 - Градежната индустрија , претставена со Ф-ката "Карпош", Ф-ка со најстара традиција во производство на бетонска галантерија, "АДИНГ" - која  своевремено е лидер во производство на заштитни градежни изолациони материјали, потоа "Техносол" како дел од италијанска корпорација за производство на технички гасови, "Маврово", "Бетон" и други.
 - Хемиската индустрија, во прв ред претставена со гигантот "Алкалоид" преку "Лафома", потоа генералнито увозник на адитиви за прехрамбената индустрија "Фармахем"  која воедно располага со сопствена лабораторија за испитување на состојбите во животната средина, "Хемофарм" - производител на козметичка галантерија ид р.
 - Текстилна индустрија претставена со "Тренд"  и најзиното ЛОР производство, "Ажур",  "Велурфлок", "Даматекс", "Обнова"  и др. помали производни погони кои освен потребите на домашниот  ги задоволуваат и потребите на странскиот - меѓународен пазар.
 - Прехрамбената индустрија претставена со МИС  "Глобус" и "Словин Југококта" и др. помали производни капацитети.
 - Металопреработувачка индустрија, застапена со голем број производни погони и работилници од мал и среден карактер, кои преку својата единственост и уникатност во републички рамки, придонесуваат за сигурен и стабилен локален економски развој.
 - Занаетчиството, услужната и трговската дејност претставуваат значаен сегмент во економското живеење на Општина Ѓорче Петров.
 Следен чеков во насока на стратешките, развојни визии на Општина Ѓорче Петров и изградба  на Коридорот 8, преку кој ќе се овозможи реализација и развој на Западната индустриска зона, како најзначајна индустриска и економска алка која на долгорочен план ќе овозможи отварање нови трговски, производни и услужни капацитети (мотели, хотели, бензиски  пумпи, авто салони, центри за атехнички преглед на возила), што претставува чекор напред во настојувањата на Општината за прогресивен премин од индустрија во развој во високоразвиена индустриска зона.