За време на досегашното функционирање на овој Сектор превземени се следниве активности:
• Остварени се контакти со стопански субјекти што делуваат на територијата на Општината и започната е поконструктивна соработка на полето на ЛЕР;
• Изработени се бројни проекти од областа на екологијата, цивилното општество и инфраструктурата;
• Остварена е соработка со странски донатори и фондации и тоа со: СЕКО, УСАИД, УНДП, Светска Банка, Јапонска Амбасада, СИДА

Поднесени се бројни апликации до домашни и странски донаторски фондации за следниве проекти:
• Проект за реконструкција на санитарни чворови и дотраена прозорска конструкција за три  основни училишта во Општината;
• Проект за Форуми во заедниците со цел поголема партиципација на граѓаните во одлуките што ги донесува локалната самоуправа (Општинта Ѓорче Петров е пилот- општина во која за првпат ќе се реализира проект од ваков вид);
• Реконструкција и реновирање на централен дел од стариот парк, со поставување нови клупи, комплетно осветлување, зазеленување и пошумување земјени површини, поставување фонтани со вода и тн. (реализацијата на овој проект се очекува со почетокот на градежната сезона –март, 2006 год.);
• Реконструкција на постоечки и изградба нови спортски игралишта (поднесена е апликација за четири локации во Општината, а се чека повратен одговор од Агенцијата за спорт и млади);

Проекти во фаза на изготвување:
• Проект за побезбедни заедници:
• Еко-Нет –проект за подобрување еколошките ресурси со кои располага Општината;
• Проект за поставување тротоари на ул.Лука Геров
• Проект за изградба детско игралиште во населбата Даме Груев;
• Проект за изградба спортско-рекреативен центар во с.Волково;
• Изработка проект и изведба на регулација на р.Вардар од нас.Хром до железничкиот мост за нас.Сарај. (се планира регулирање на мајор коритото на реката, со што ќе се спречи излевање на реката и евентуални поплави);
• Изработка проект и изведба на регулација на р. Лепенец;
• Проектирање, експропријација и изградба на ул.Лепенец
(која што со ДУП-от е предвидена да се протега долж железничката  
пруга во населбата Даме Груев)
• Проектирање, експропријација и изградба на ул.Сремски Фронт (сообраќајница што претсавува врска со булеварот Веле  Марков);
• Проектирање, експропријација и изведба на бул. Илинденска, (од прекинот на постоечката улица до автопатското рашение за    обиколка на Скопје) со мостови и надвозници;
• Проектирање, експропријација и изведба на колекторска мрежа,фекална канализација и пречистирелна станица за с.Волково;
• Проектирање, експроприација и изведба на бул.Словенечка (на потегот на р.Лепенец до автопатот за Тетово-за оној дел што се протега на теритотијата на Општината);
• Довршување на ул.Социјалистичка Зора (изработка на проекти, експропријација и изградба);
• Проектирање, експропријација и изградба на ул.Лепенец (која што со ДУП-от е предвидена да се протега долж железничката пруга во населбата Даме Груев)