Дубиче: Некропола од железно време. На 500 м северно од селото, на левата страна од патот за Орман има блага падина што се спушта кон асфалтниот пат, каде се наоѓаат делови од камени плочи од надгробни конструкции. Се работи за некропола од постаро железно време (ВИИ - ВИ век пред н.е.). Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Музејот на Град  Скопје.

 

Ливада: Некропола од римско време. Според белешките на М.Грбиќ, од десната страна на железничката пруга Орман-Волково била констатирана некропола од која што потекнува римски надгробен споменик со латински натпис.

 

Уши: Населба од римско време. На 2 км. југозападно од селото, во лозовите насади со површина од 1,5 хектар се среќаваат многубројни остатоци од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и друг градежен материал.

 

Црквиште: Осамен наод од римско време. Во 1958 година во нивата на с. Најдовски од  Кучково, што се наоѓа на околу 500 м. од десниот брег на Лепенец, случајно е откопан мермерен споменик со двојазичен натпис - грчки и латински.

 

Голема Кула: Локалитетот *Голема кула* припаѓа на Атарот на с. Кучково оддалечен 1 км. северно од с. Горно Свилари. Поаѓајќи од масивната челна кула со полукружен план, овој кастел во својата прва фаза бил подигнат на преминот од ИИИ - ИВ век.

   

Девојачки камен: Прва легенда: Околу овој камен се собирале млади девојки и играле оро. Дувнал силен ветер и ја удрил едната од девојките која паднала врз каменот, а по тој настан местото, однсоно каменот бил наречен Девојачки камен. Втора легенда: Жени кои не можеле да имаат млеко земале од каменот, го вареле и пиеле од него. По оваа легенда бил крстен Девојачки камен.