Во среда (14-ти февруари), општина Ѓорче Петров организира хуманитарна забава во Домот на култура. Под мотото “Вино, љубов, хуманост”, заедно со изведувачите Мухамед Ибраими и Ратко Даутовски, Даниел Данн и диџеј Филип Деловски, и преку латино танцот на Тијана Ј. и Андреј Д. ќе се обидеме да собереме што е можно повеќе средства кои ќе ги намениме за обезбедување пакети со храна за социјално-загрозени семејства од Ѓорче Петров. Гостите ќе може да уживаат и во дегустација на вината од винариите од Ѓорче Петров, кои ќе имаат поставени свои штандови за време на забавата. Виното ќе се продава по симболична цена.  Влезот на забавата, пак, е бесплатен, односно ќе биде поставена кутија за донации.  Кој колку може, нека помогне во собирањето средства за нашите сограѓани. Ве покануваме да присуствувате, да се забавувате на денот на виното и љубовта, и истовремено да донирате за оние на кои им треба наша помош.
Од срце за Ѓорче Петров!