Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски утрово пристигна со велосипед на работното место и на тој начин ја поддржа и поздрави иницјативата на неформалното здружение “На точак” насловена “Winter Bike To Work Day”. Ова е одлична можност да покажеме дека се грижиме за животната средина, како и да влијаеме на подигање на јавната свест за бенефитот од возењето велосипед. Ги поздравувам сите вакви и слични идни иницијативи и повикувам на често и секојдневно користење на велосипед како превозно средство – рече Наумоски. Иницијативата беше поддржана и од вработени во општината, во училиштата и од граѓаните.