Да се доделат финансиски средства на ФК “Македонија”, ФК “Волково 1964”, Здружението за популаризација и промоција на кошарката “3X3 Баскетбал”-Скопје, како и на РК “Македонија Ѓорче Петров”. Ова, меѓудругото, денеска го изгласа Советот на општина Ѓорче Петров на петтата седница.

Воедно, на седницата советниците дадоа “зелено светло” и за продолжување на рокот за изградба на административно-деловната зграда и подземен паркинг простор со “Трансмет” ДОО-Скопје. Рокот е продолжен до 31 мај.