Во близина на пазарчето во Ѓорче Петров, по информација од граѓаните кои живеат во тој дел од населбата, службите на општината веднаш излегоа на терен и го расчистија сметот кој беше насобран во околина на зградите.

Ги повикуваме жителите на Ѓорче Петров, вакви или слични проблеми и натаму да пријавуваат во општината, со цел навремено делување. Службите во изминатиот период интензивно работат на расчистување помали и поголеми депонии. Засилени се мерките и казните против неовластено депонирање, и во тој контекст, апелираме на совесност од граѓаните и максимално почитување на Законот за јавна чистота (чл.14 и чл.14-а).