Градоначалникот на  Ѓорче Петров, Александар Наумоски оствари средба со претставници од новоформираното спортско друштво, во кое членуваат спортски клубови од оваа општина. Во општината првпат се формира вакво тип на друштво. Опфатени се сите клубови и повеќето спортски дисциплини меѓу кои фудбал, ракомет, кошарка, кајак, одбојка, карате, гимнастика...

 

Целта на средбата беше да се дискутира за актуелните состојби во клубовите, но и да се изнајдат заеднички решенија за решавање на проблемите, со поддршка од општина Ѓорче Петров. Претставниците на спортските клубови, спортистите и спортските работници на Наумоски му ги презентираа своите идеи, предлози и пораки.

Градоначалникот, пак, се заложи и повтори дека цврсто застанува зад поддршката и развојот на спортот во Ѓорче Петров и нагласи оти секоја нивна идеја за подобрување на состојбите е добредојдена и заеднички ќе се разгледува.

Исто така, на овој начин, односно со делување како друштво, клубовите ќе се запознаат со работата меѓусебно, почесто ќе комуницираат и ќе ги користат сопствените искуства за подобрување на оваа спортот и сочувување на спортскиот дух во Ѓорче Петров.