За основните училишта и градинки во општината Ѓорче Петров уште пред недела дена е извршен дотур на 83 илјади литри гориво за греење. Обезбедени се училиштата „ Јоаким Крчовски„ „Мирче Ацев”, Страшо Пинџур”, „Ѓорче Петров” и „ Димитар Поп Георгиев Беровски”, Јоаким Крчовски и во сите клонови на градинките „Росица”. Во ООУ „Тихомир Милошевски“ во  Ново село се уште се во употреба котли за чие загревање се користи огревно дрво и истото е веќе обезбедено во јуни месец во количина од 137 кубни метра дрва.

Исто така и во подрачното училиште „Јоаким Крчовски” во с. Никиштане испорачани се вкупно 50 кубни метра дрва. Во градинките, каде што резервоарите се со помал капацитет, по потреба се врши дополнителен дотур, зависно од потребите кои ги наметнуваат временските прилики. Истото важи и за основните училишта чии резервоари се со помал капацитет.