Градежниците од АД „ Карпош“ Скопје работат на асфалтирање на улицата „Анастас Коцарев“ во Општината Ѓорче Петров. Споменатата улица, со должина од 275 метри и чирочина од 6 метри, комплетно ќе биде реконструирана со поставување на нова тампонска подлога, нов асфалтен слој, а ќе бидат поставени и нови ивичници.

Покрај реконструкцијата, за која средствата во висина од 2.950.000 денари кои  се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, заради застареност на старото улично осветлување општината од својот буџет издвои дополнителни средства во висина од 1.298.000 денари, за поставување на дваесет нови 6 метрски канделабри со што видно ќе се подобри квалитетот на уличното осветлување на улиците „ Анастас Коцарев“ и  „Гостиварска“  на која исто така се вршат последните подготовки за поставување на нова асфалтна подлога. За поставување на уличното осветлување е ангажирана скопската фирма „ Магнус-инженеринг“.