По повод 11 Октомври Денот на народното востание во Р.Македонија делегација на општината Ѓорче Петров, предводена од Градоначалникот Сокол Митровски положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОАВМ во реонскиот парк во општината. На свеченоста цвеќе положија и преставници од Советот на Општина Ѓорче Петров, Здруженија на борци и пензионери, преставници од политичките партии, училиштата, градинката  како и многу други јавни институции и граѓани од општината.

„Овој ден запишан во историјата на македонскиот народ како Ден на востанието на Р.Македонија буди празнување во нашите души, а со тоа повторно осамнуваат спомените од денот кога непокорот и слободољубивоста на македонските борци го покажаа своето праведно лице“ истакна Градоначалникот Митровски на свеченоста на положувањето во реонскиот парк на општината.

На овој ден традиционално во општината Ѓорче Петров се оддава почит на сите усесници во вооруженото аантифашистичко и народоноослободително востание. Дури триесет и четворица ѓорчепетровци го дадоа својот живот за својата земја , а нашата должност останува да го чуваме нивното дело.