Општина Ѓорче Петров во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ во петок и сабота (15  и 16 Септември)  ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад. Акцијата во Петок (15 Септември) ќе се одвива во УЗ „Хром“, Дексион и дел од УЗ „Мирче Ацев“ од 07 до 9.30 часот На 16 Септември (сабота)  акцијата ќе се спроведе на дел од УЗ “Мирче Ацев и Даме Груев.  Граѓаните кои имаат кабаст отпад ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради. Потребно е местото да биде пристапно до возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за да можат непречено да го соберат отпадот. Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.