Во 6-те основни и 2-те  подрачни училишта во  општината Ѓорче Петров, 410 првачиња за прв пат седнаа во школските клупи. Нивните постари другарчиња подготвија пригодни програми со кои им посакаа добредојде на првачињата. Градоначалникот на општината Сокол Митровски присуствуваше на една таква свеченост во О.У “Јоаким Крчовски” во Волково, а успешно започнување на учебната година им посака и на првачињата во истоименото подрачното училиште во с. Никиштани. Воедно им посака успешна работа на наставниците и на сите ученици.

„ Вие сте нашата иднина. Ова е вашиот прв училишен час, вашето прво среќавање со новиот живот во училишните клупи каде што ќе се „наоружате” со нови знаења кои ќе ви требаат во животот. Ова училиште , овие училници ќе бидат вашиот втор дом. Оние безгрижни детски игри кои досега ги игравте заменетеги со читање книги, пишување и надградување на своето знаење. За вашето добро образование ќе се грижат докажани кадри кои до сега на прав пат истерале многу генерации. Драги дечиња, ви посакувам успешна учебна 2017-2018, многу петки и многу нови другарчиња “, истакна во своето обраќање градоначалникот Митровски. Инаку, основните училишта во општината подготвено ја пречекуваат новата школска година. За време на летниот одмор интензивно се работеше на санирање на сите недостатоци заради подобри услови за работа на наставниот кадар и посигурен престој на учениците, а се работи на реконструирија на спортските сали во Основните училишта „Тихомир Милошевски„, „Страшо Пинџу” , „Ѓорче Петров” и „Димитар Поп Георгиев Беровски”.