Голем спортски дух на турнирот во мал фудбал „Ѓорче Петров куп 2017“
Љубителите на фудбалот во спортско Ѓорче Петров покажаа голем спортски дух во одиграните натпревари синоќа на повеќенаменското игралиште . На првите натпревари од групната фаза гледачите имаа можност да видат атрактивни голови постигнати од екипите што е одлична најава за почеток на овој традиционален настан.

Бројните гледачи покажаа задоволство од понудената спортска забава и дружење меѓу кој беше и Градоначалникот Сокол Митровски. „Спортскиот натпреварувачки дух е добро познат за ѓорчепетровци и поради тоа повикувам на се помасовна публика на трибините. Општината секогаш ќе го поддржува спортот и овој спортски настан кој годинава се одржува по четврти пат, по повод празнувањето на општината Ѓорче Петров - 20 Септември. Посебно е задоволството за нашата општина што своето гостопримство го докажува и со учество на екипа од Лесковац која е меѓу најдобрите во соседна Србија „истакна Градоначалникот Митровски на отворањето на турнирот.

За овој спортски настан, како и за многу други иницијативи за поддршка и развој на спортот дадоа и членовите на советот на општината. Предводени од претседателот Гоце Петрески. Турнирот наиде на голем одзив, се пријавија 20 екипи од цела Македонија кои до 19 Септември ќе се натпреваруваат секоја вечер на мултифункционалното игралиште во Ѓорче Петров  кое е осветлен со рефлектори. Судиите кои даваат поддршка на теренот со своето чесно и рамноправно судење се распоредени од Фудбалската федерација на Македонија. Сето ова говори дека првиот традиционален турнир Ѓорче Петров куп ќе прерасне во елитна спортска манифестација за што говори самата организација, наградниот фонд од 220.000 денари, големиот интерес на пријавени екипи и бројната публика која ќе има можност да ги следи натпреварите во вечерните часови.