На 02 Септември 2017 г. на мултифункционалното игралиште кај надвозникот во Ѓорче Петров, со почеток од 20.00 часот ќе започне по 4-ти пат традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на Здружение на граѓани „Ѓорче Петров Куп“ кој годинава за прв пат станува и меѓународен. На турнирот за прв пат ќе учествува и екипа од соседна Србија. На турнирот пријавени се 20 екипи од цела држава,  а судиите се распоредени од ФФМ. Наградниот фонд за прво место изнесува 120.000 денари, второ место 60.000 денари, трето место 30.000 денари, а за четврто место 10.000 денари.

Генерален покровител на турнирот е Општината Ѓорче Петров и Градоначалникот Сокол Митровски, а голема поддршка добива и од Советот на општината. Турнирот ќе го отвори Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски. Со овој спортски настан започнува празнувањето на општината Ѓорче Петров – 20 Септември, која подготвува богата празнична програма.