Завршени се  90 %  од градежните работи за целосна реконструкција на Домот на култура во с. Кучково. Со реконструкцијата која ќе чини 5 милиони денари домот ќе добие нова сала за состаноци, простории за амбуланта со чекална, канцеларија за месната заедница и два санитарни чвора. Поставени се нови прозори и врати, под и кровна конструкција. Воведена е комплетно нова водоводна и електрична мрежа. Градежните работи ги изведува „Свеан инвест ДОО Скопје“.

Домот во Кучково беше опожарен уште во 2003 година и долги години на него не беа превземени никакви градежни зафати. Со реконструкцијата кучковци ќе добијат современ објект каде што во иднина ќе можат да се организираат разни средби и културни настани, а пред се граѓаните ќе можат да се дружат. Се очекува деновиве да се сработат преостанатите работи околу партерното уредување, а домот треба да биде пуштен во употреба во втората половина од месец септември.