Општината Ѓорче Петров и Дизајн центарот „ Јавна соба“ ја започнаа кампањата „ Дотерај го Скопје“ . Целта на оваа кампања е да се создаде свест кај граѓаните за разубавување на нивната животна околина на практичен и економски начин и да се поттикнат истите да се грижат повеќе за јавниот простор во својата општина. По тој повод во Општината Ѓорче Петров е одбрана локација во близина на бензиската пумпа на „ Макпетрол на главната сообраќајна артерија , улицата „ Ѓорче Петров“ каде што за прв пат се засади брзорастечки бршлен, а  со цел да го разубават просторот но и да придонесат за намалување на штетноста од издувните гасови и прашина.

По повод започнувањето на кампањата градоначалникот Митровски изјави: секое засадено растение и секој ваков проект кој придонесува за разубавување и заштита на животната околина е добредојдена во нашата општина . Ние секогаш ќе даваме целосна поддршка на вакви и слични проекти и се надевам дека за иститот масовно ќе се вклучат и ѓорчепетровци со цел разубавување на амбиентот и животната средина.

Се повикауваат граѓаните во општината да ја искористат оваа можност за да добија т бесолатни садници ( брзорастечки бршлени) и по нивна желба да бидат засадени на места кои граѓаните ќе ги насочат. Барањата треба да се поднесат на пријавницата во Општината секој работен ден од 08 до 15 часот , а Дизајн центарот „ јавна соба ќе врши надгледување на реализација на проектот.