Во општината Ѓорче Петров во тек е голема градежна офанзива. Се реконструираат улици, се гради канализациска мрежа таму каде што нема во руралниот дел од општината, се поставуваат нови сијалични места и се реализираат уште многу проекти кои до крајот на летово треба да бидат во завршна фаза. Деновиве градежните екипи од„Јубај “ Скопје завршија со асфалтирање на три улици во с. Волково.

Веќе се асфалтирани улиците „33“ и „31“ како и улицата „ 53“ која е поврзана со улицата „ 31“. Предходно на истите е изградена фекална канализација и со завршната фаза на асфалтирање ќе бидат решени сите проблеми на кои наидуваа граѓаните во изминатиот период. Калта и тешкиот пристап до домовите на граѓаните  после секој дожд веќе се минато за сите граѓани на споменатите улици. Улицата „33“ е со широчина од 4 метри и должина од 600 метри а улиците „31“ и „ 53“ се со вкупна должина од 400 метри и широчина од 4 метри. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.