На 12 јули Македонската Православна црква го прославува споменот на апостолите Петар и Павле(Петровден). Светите апостоли Петар и Павле се од огромно значење за христијанството како основоположинците на Светата црква. По тој повод во храмот Св.„Петар и Павле”  во истоимениот соборен храм во општина Ѓорче Петров со почеток во 8 часот, се одржа Свеќена Архиерејска Литургија со која чиноначелствува неговото блаженство Архиепископот Охридско Македонски г-дин г-дин Стефан и свештеници од матичниот храм и  скопската епархија.  На свечената литургуија присуствуваа голем број на верници од општината но присуствуваа и граѓани од сите краеви на градот Скопје. Исто така на Свечената литургија присуствуваа и градоначалникот на општината Сокол Митровски, членови на општинскиот Совет и голем број на претставници на стопанските субјекти од општината и пошироко.