Делегација составена од членови во Советот на Општината Ѓорче Петров отпатува во дводневна посета на своите колеги од општината Охрид. По самото пристигање во градот домаќин Охрид делегацијата од Ѓорче Петров, предводена од Председателот на Советот Гоце Петровски, беше пречекана од Председателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска. Целта на средбата беше разменување на искуства во работењето на двата Совети и можни опции за меѓуопштинска соработка. Покрај друго на средбата се разговараше и за развојот и постигнатите резултати на двете општини за време траење на мандатите на двата Совети. Гостите од Ѓорче Петров исто така имаа можност да посетат неколку значајни културни споменици во Охрид и Струга.