Денес, 21.04.2017 год. , под покровителство на Општина Ѓорче Петров, во спортската сала Христо Батанџиев во ООУ Тихомир Милошевски се одржаа финалните натпревари од општинската училишна лига во мал фудбал. Победник во училишната лига во мал фудбал е екипата на ООУ Ѓорче Петров, второто место ѝ припадна на екипата на ООУ Димитар Поп Георгиев - Беровски, а третото место го освои екипата на ООУ Страшо Пинџур.