Денес, во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров се одржа премиерата на  театарската престава „Зелена планета “ наменета за деца од прво до трето одделение од сите шест основни училишта во општината. Децата кои што ја проследија оваа едукативна претстава научија што е рециклирање, каква е разликата меѓу отпад и ѓубре, како да се реупотреби отпадот и  како од мали нозе да ја чуваат својата околина, а со тоа и нашата планета Земја.    Преку претставата, на децата им беа пренесени пораки за значењето на селектирање и третман на различен вид отпад, почнувајќи од хартија, пластика, стакло, лимена амбалажа, па сѐ до електронски отпад.

Целта на проектот е да се подигне свеста најмладите за рециклирање на отпадот и на интересен начин, преку игра и забава да се испрати порака за значењето на чистата околина, уредените паркови и зеленила, улици, а селекцијата на отпадот да стане навика и обврска како што е одржувањето на личната хигиена. Проектот е дел од платформата „Дали рециклирате!?“, а го спроведуваат Пивара Скопје, Пакомак и компанијата Нула отпад, со поддршка на Холандската амбасада. Организатор на овој еколошки проект е Здружението за хумано-општествен развој Проект-Среќа.