Кој ако не најмладите со топли насмевки ќе ги придобијат возрасните и тоа токму за најголемиот христијански празник – Велигден. Група дечиња од градинката „Росица“  заедно со директорката, г-ѓа Ана Серафимовска и нивниот воспитувачки кадар го посетија градоначалникот Сокол Митровски  и му подарија велигденски јајца, изработени од вештите раце на дечињата и вработените. „Денес меѓу мене се оние на кои  најмногу им се радуваме и ги сакаме, нашата иднина, дечињата од градинката.

Градинките се столбот на нашата грижа за едукација на децата  и за нивна подготовка во повисоките степени на  образование. Оттука и ние како локална самоуправа стоиме цврсто на ставот за максимална поддршка , за се што им е потребно за поуспешна работа. Ви се заблагодарувам што не посетивте  и ви посакувам среќни Велигденски празници“ - истакна Градоначалникот Митровски.

Во детската градинка „Росица“ креативноста  никогаш не изостанувала, па така и младите ги фарбаа, украсуваа на најразличен начин велигденските јајца. Имено на работилницата дечињата од сите шест објекти на градинката „Росица“  низ игра, од своите учителки ја дознаа симболиката на црвеното јајце за Велигден, за обичаите и празнувањето на овој ден од страна на Христијаните ширум светот.