Една од најуспешните „креаторки“ на локалната тортијада „Слатка мистерија“ што секоја година се одржува во Скопје, Катерина Блажевиќ учествуваше на интернационалната тортијада во Јагодина, Р. Србија како преставник од општината Ѓорче Петров. Во организација на здружението „Слатки осмех “чиј претседател е Драгана Симиќ од Јагодина манифестацијата се одржа во спортската сала Јеса –Јагодина, а изложени беа преку 200 торти изработени со многу љубов, креативност и  уметност од вештите раце на жената. Тортите биле рангирани во три дела свечени, детски и торти со чоколадна декорација.

Тортијадата која има хуманитарен карактер , по изложувањето и оценувањето поклонети се на социјалните и хуманитарни организации и установи како и семејствата со четири и повеќе деца. Преставничката од општината Ѓорче Петров се престави со тортата „Прасе“ која ја изработи од чоколаден крем, карамелизиран лешник,  бадем, а финишот беше покриен со фондан коj го комплетира ова слатко ремек дело. Блажевиќ Катерина истакна дека тајната за изработка на една ваква торта е вештината на нејзините раце.  Дома се враќа со едно позитивно искуство од  соседната земја. Воедно се заблагодарувам на општината Ѓорче Петров и Градоначалникот Сокол Митровски за можноста која ми ја дадоа да ја преставувам мојата општина и финансиски ми помагаат да учествувам на манифестации од ваков вид.