Во ОУ „Јоаким Крчоски“ Волково се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“ 2017. На натпреварот учествуваа вкупно 100 ученика од I до IX одделение. Натпреварот е во организација на Сојузот на математичари на Македонија, од каде беа испратени тестовите. За организацијата и регуларноста на натпреварот во училиштето беа одговорни директорката и наставничката по математика, а тестатори беа педагогот и психологот.

Учениците самостојно ги решаваа задачите, а одговорите беа испратени до Сојузот на математичари на Македонија, каде ќе бидат прегледани, а резултатите ќе бидат доставени до училиштето. Со организацијата на овој натпревар училиштето им овозможува на учениците да учествуваат и да се докажуваат во повеќе активности.