На 14.03.2017 (вторник),  учениците од трето одделение од ООУ “ Тихомир Милошевски“ беа на едночасовно возење низ главните улици и булевари на градот Скопје во рамките на програмата "Едукативен автобус" ,организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во текот на активноста, предавачите од АМСМ ги информираа и едуцираа децата за нивно безбедно и одговорно учество во сообраќајот, запознавајќи ги со сообраќајните правила и прописи за да бидат безбедни учесници во сообраќајот.

Под мотото „Учиме за сообраќај“ , преку квиз кој беше со забавен, но и  едукативен карактер, дечињата весело и спремно одговараа на поставените прашања користејќи ги своите сообраќајни знаци кои сами ги изработиле. Градоначалникот Сокол Митровски, нагласи дека преку оваа сообраќајна едукација во рамките на програмата „Едукативен автобус”, се гради сообраќајната култура и на децата како најмлади учесници во сообраќајот, пред сè како велосипедисти и пешаци, со цел да се зголеми безбедноста на децата во сообраќајот што е и врвен приоритет на Општината.