Денес, Градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски и Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски  присуствуваа на отпочнување на  пролетната акција за расчистување на општината на целата своја  територија. Пролетната акција започна од кружниот тек кај црквата Св. „Петар и Павле“ со садење на цвеќиња, чистење и миење на улици,чистење и дезинфекција на контејнерите, сливниците и беа поткастрени сите гранки од дрвјата во близина на ул. Борис Сарафов ,кои преставуваа опасност за непречено одвивање на сообраќајот затоа што беа напукнати.

ЈП „Паркови и зеленило “ ќе работи на кастрење на крошните на дрвјата, сечење на суви дрвја, садење на цвеќиња и садници на јавните површини, во реонскиот парк, хортикултурно уредување на дворовите во училиштата и градинките. ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери, ЈП „Водовод и канализација“ ќе работи на чистење и поправка на сливници, отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и санирање на прекопи, ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација, ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив. Оваа акција ќе се искористи за собирање и на кабастиот отпад на  граѓаните. Затоа општината Ѓорче Петров апелира до сите граѓани кои имаат отпад од овој вид (делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и др.) да го изнесат пред нивните домови или во близина на постоечките контејнери, а екипите на Комунална хигиена и општинските комуналци  истиот да го соберат. Пролетната акција ќе трае во текот на целата недела.