Денес, во општината Ѓорче Петров се одржа состанок за пролетно чистење на кој присуствуваа Градоначалникот Сокол Митровски, преставници на јавните претпријатија на градот Скопје, претседателите од сите месни и урбани заедници,инспекциските служби во општината како и Директорите на основните училишта во општината каде беа евидентирани постојните проблеми и беа посочени локациите на кои треба да се интервенира.

Пролетната акција  ќе започне од понеделеник 13 март ,а ќе трае во текот на целата недела со кое ќе бидат опфатени зелени површини, санирање ударни дупки, кастрење дрва, расчистување диви депонии, миење и хоризонтално обележување улици. ЈП „Паркови и зеленило “ ќе работи на кастрење на крошните на дрвјата, сечење на суви дрвја, садење на цвеќиња и садници на јавните површини, во реонскиот парк, хортикултурно уредување на дворовите во училиштата и градинките . ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери, ЈП „Водовод и канализација“ ќе работи на чистење и поправка на сливници, отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и санирање на прекопи, ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација, ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив.