Денот на жената, децата од градинката „Росица“ од општината Ѓорче Петров го одбележаа преку низа активности. На почетокот на неделата најмладите изработуваа честитки и ликовни творби, учеа стихотворби и песни за мајката . Организирани беа и работилници во сите објекти на тема „Со тато- за мама“.  

Денес беше одржана и приредба по повод денот на жената, 8 Март со повеќе музички точки со што покажаа дека жената и мајката заслужува постојано внимание, израз на почит и љубов  и од децата.

Мајка, жена, домаќинка, вработена, во сите функции ”ТАА“ е личноста која знае да се снајде и да го направи домот посреќен, семејството собрано околу огништето, работата навреме средена. Велат дека „мажот е главата во семејството, но жената е вратот”, па каде ќе се сврти таа таму ќе отиде и погледот! Честит 8-ми Март!