По повод Денот на жената 8-ми март, на 6- ти март во Центарот на култура во Општината Ѓорче Петров се случи културен настан. Бардот на македонската актерска сцена Мите Грозданов ја започна прославата на својот јубилеј 50 години професионализам и 63 години аматерско бавење со  актерство. Горд сум што имав можност овој мој голем јубилеј да го започнам токму од општината Ѓорче Петров. Големиот љубител и познавач на актерската игра, градоначалникот Сокол Митровски безрезервно ја поддржа мојата идеа,  моето прославување на двата мои јубилеа да започне токму во општината со која тој раководи, во општината која последниве години вложува  многу во културниот развој, а посебно е препознатлива како единствена скопска општина која има свој театар кој со поддршка на општината непречено делува.

 

Разбрав за 31 март подготвувале нова премиера. Претставата се вика „Генералот во чест на генералот“. Презадоволен сум што мојата монодрама „ Црв“ беше одлично примена од публиката во преполната сала на центарот за култура, изјави Мите Грозданов после претставата.
Вечерта со своја програма настапија и пензионерите три музички точки , а настапи и КУД „ Глигор Прличев“ со две прекрасни македонски ора. Во организација на овој културен хепенинг беа вклучени општината и Здружението на пензионери „ Ѓорче Петров“.