По пожарот кој се случи во неделата, вечерта околу 22 часот (12.02.2017), во влезот на зградата бр.40 /4 на ул. Лука Геров во населбата Даме Груев , општинарите излегоа на терен со свои екипи во расчистување на опожарените станови, а градоначалникот Митровски во својот кабинет прими претставници од оштетените станари од зградата, кои побараа општината да им помогне во рамките на своите можности со бојадисување на главниот влез, промена на стаклата во влезот, чистење и санација на фасадата на зградата и други поситни интевенции.

Видно вознемирени и потресени од настанот станарите велат дека преживеале вистински пекол. Пожарот кој избувнал на вториот кат, се проширил брзо и на останатите два ката од зградата на улицата Лука Геров во населбата Даме Груев. Дел од станарите кои веднаш биле хоспитализирани во клиничката болница Мајка Тереза   се во стабилна состојба. Засега причините за пожарот кој избил во стан број 3 не се познати.