Во рамки на Развојниот план и Годишната програма на градинката „Росица“, воспитувачите и стручниот кадар викендов (10-12 февруари 2017 ) во Охрид реализираа семинар  на тема „Децата и насилството.  На обуката беа опфатени темите : Стресот во модерното секојдневие, Начини на справување со стресот, а беа организирани и психолошки работилници за подобрување на комуникацијата, разбирањето и соработката со содржина : Плетенка , Двосмислени слики, Сртање по налог, Цртање на невиденото, Ланец на движења.

Директорката на градинката истакна дека стручниот кадар од предучилишните установи треба први да го детектираат проблемот поврзан со насилството врз детето бидејќи најголемиот дел од денот го минува во градинката каде што се одвива неговиот целокупен емоционален и социјален раст и развој. Воспитувачите имаат увид во секојдневните реакции на детето и може да ги воочат првите знаци на промена во однесувањето, беа заклучоците од дводневниот семинар во Охрид.