Општината Ѓорче Петров традиционално учествуваше на 11 хуманитарната манифестација „Слатка мистерија “што се одржа во хотел „Континентал“ чијшто домаќин годинава беше општината Гази Баба. Во категорија на аматерки нашата преставничка Катерина Блажевиќ, ја освои втората награда со својата креација „Ајфелова кула“, а пак пекарско-слаткарската фирма со долгогодишна традиција „Специјал“ од Ѓорче Петров се претстави со „Грбот на општината Ѓорче Петров“.

„Ајфеловата кула“ на која се вееше општинско знаме беше избрана за најкреативна торта на овогодинешната манифестација и беше една од најлицитираните торти која достигна цена од 30.000 денари. Креативното слатко дело успеа да го задржи вниманието на сите посетители и беше толку оригинално изработена што дававаше автентична слика на оригиналот.

Вложениот труд, љубовта кон слаткарството и вниманието посветено за изработка на тортата на крајот се исплатеше. Блажевиќ која по трети пат настапува на оваа манифестација во категорија на аматерки, рече дека ова за неа не е натпревар туку едно дружење и размена на искуства помеѓу жените, а се со единствена, хуманитарна цел да се помогне каде е најпотребно. Тортата со која таа се престави ја подготвувала една недела  и барала многу внимание и труд. Хуманоста најмногу се покажува со дела, а најмалку со зборови.

Општината Ѓорче Петров секогаш ги подржува ваквите хуманитарни настани, а беше и домаќин на „Слатката мистерија“ во 2014 година.