Претставници од Рико -Словенија, Министерството за животна средина,изведувачот Жикол и градоначалникот Сокол Митровски со своите соработници беа во посета на Пречистителната станица за отпадни води во Ново Село која беше пуштена во пробна работа. Седумдесет и осум километарската мрежа реализирана во Волково, Волково - Пржина, Кисела Јабука, Ново село и Стопански двор е исклучително важен проект кој значи комплетно собирање и пречистување на фекалиите.

Објектот е изграден во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање , градот Скопје и општината Ѓорче Петров. Од својот буџет општината изгради водоводна мрежа и пристапен пат до станицата. Градоначалникот Митровски истакна дека ова е голема еколошка придобивка бидејќи затвораат 6.000 септички јами кои се потенцијална опасност за загадувањето на почвата, подземните води и артерските бунари на градот Скопје од кои 30 проценти во летниот период го снабдуваат градот Скопје со вода. Ова е втора по големина пречистителна станица во земјава , а проектот чини седум милиони евра.