Мени

Училишните библиотеки ќе се збогатат за по 100 нови наслови

Секоја училишна библиотека во Ѓорче Петров ќе добие по 100 нови наслови од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Кампањата "Читањето е супермоќ" во соработка со издавачката куќа "Арс Ламина" е одличен поттик за релевантните чинители во насока на развој на читачката култура и негување на македонскиот литературен јазик.

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров се одржа настан кој е дел од кампањата, а имаше за цел промоција на книгата која треба да биде дел од сечие секојдневие.

Учество земаа директорите, педагошките служби, наставниците од шесте основни училишта, подржани и вклучени во интеракцијата, дел од општинската администрација како и градоначалникот Александар Стојкоски.

Во оваа насока, за 2023 планирано е донација по 100 книги, литературни средби со автори, вклучување експерти, релевантни лица, но и родители во процесите.

Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел развој и промоција на одредена дејност што носи добробит за генерациите.

 

Галерија

Image

of

Календар на планирани настани


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед
USAID_letok   logo_iso_2021 Finansiski_indikatori Corona_virus

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам