Општината отворена за граѓаните-приемните денови во тек
Со над 50 граѓани од општина Ѓорче Петров градоначалникот Александар Стојкоски оствари одделни средби во рамки на приемниот ден организиран од наша страна.
Дискусија се водеше за проблеми од повеќе области, а акцент беше ставен на инфраструктурни прашања.
-Тука сме за заеднички да ги решиме нивните секојдневни проблеми, а во насока на модернизирање на нашата општина- рече Стојкоски.
Сите граѓани и сечија сугестија се добредојдени во општина Ѓорче Петров каде во наредниот период продолжуваат приемните денови. Заинтересираните граѓани може да закажат средба на официјалната мејл адреса: kontakt@opstinagpetrov.gov.mk.
-Од почетокот на мојот мандат остварувам секојдневни средби со граѓаните во општината, но и надвор од институцијата – додаде градоначалникот.
Галерија